Search

Брејк на Бостон во Милвоки за водство во полуфиналето на Истокот

Кошаркарите на Бостон Селтикс направија брејк и на гостински терен го победија најуспешниот тим во регуларниот дел од лигата, Милвоки со 90:112. „Келтите“ со триумфо поведоа со 1-0 во полуфиналната серија на Истокот.

Гостите, кои се познати по дефанзивната игра успеаја да го смират најдобриот домашен играч, Јанис Антетокунмпо на само 22 коша, 2 асистенции и 8 скока.

На другата страна најдобар поединец беше Кајри Ирвинг со 26 поени, 7 скокови и 11 асистенции, Ал  Хорфорд додаде 20 кошеви и 11 скока. Втората средба од серијата се игра на 1 мај, а повторно домаќин е екипата на Милвоки Бакс.

Треба да знаете
Последни објави