Search

ЦИА отвори профил на Инстаграм, веќе има 26.400 следбеници

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Профилот е отворен и верификуван во четвртокот, а првата објавена фотографија прикажува работна маса на еден од вработените на која се гледа перика, часовник, печат, хартии и книги.

За само 24 часа ЦИА има 26.400 следбеници, но Агенцијата се уште не следи никого на оваа социјална мрежа.

Освен на Инстаграм, ЦИА има и налог на Твитер и профил на Фејсбук.

Портпаролката на ЦИА, Челзи Робинсон изјави дека приклучувањето на Инстаграм е уште еден начин на кој се споделуваат приказни и се регрутираат млади талентирани Американци да работат за Агенцијата.

– Овој профил ќе овозможи увид во Агенцијата, но не можеме да ветиме селфи од тајни локации. Среќни сме што ќе ја разбудиме љубопитноста кај корисниците на Инстаграм и глобалната мисија на ЦИА, истакна Робинсон.

Треба да знаете
Последни објави