Search

Хајредини: Силјановска погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!

Хајредини: Силјановска погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!

Веднаш по своевидната прозивка на „колегите Албанци“ на претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, цивилмедиа.мк реши да ги провериме нејзините искази за времето кога беше министерка во владата на СДСМ (1992-1994 година) и разговаравме со Џевдет Хајредини, министер за финансии во истиот период, во истиот владин состав, кога премиер беше Бранко Црвенковски.

ЦИВИЛ МЕДИА: Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова јавно ги прозва своите колеги Албанци од времето кога таа беше министерка во Владата на СДСМ да посведочат за тоа каков човек и министер била таа. Вие истовремено бевте министер во таа Влада, па можете ли да ни кажете кои се вашите согледувања за тоа каков човек и министер била Гордана Силјановска Давкова во тоа време?

ХАЈРЕДИНИ: Мене ме изненади што таа воопшто се повикува на тоа нејзините колеги Албанци да кажат каква била таа како министер. Таа била министер во коалиција на таа Влада од редовите на Либералната партија, како што бевме и ние на ПДП, потоа оние на СДСМ и така натаму… Затоа, сметам дека е необично воопшто да се повикува на тоа.

Кажав, пред десеттина дена, дека не е морално некој да биде кандидат на партија која целокупниот период, од 90-тите до сега, го означува како погубен, криминален и предавнички. Да бидеш министер на таа Влада и потоа да се кандидираш и да те поддржи таква партија ми се чини како крајно несфатливо.

Понатаму, тоа време беше многу сложено. Прв пат беше формирана партиска коалициона Влада, затоа што најголем притисок за тоа да не се коалицира и соработува со албанските субјекти вршеше токму партијата ВМРО ДПМНЕ. Партија која благодарение на таа жестока антиалбанска политика се афирмираше и, за жал, долго време се одржуваше, па и ден денеска ја имаме на политичката сцена на Македонија.

Ѝ доликува ли на личност која во тоа време била министер, сега да биде поддржана од таква една партија? Овој чин зборува сам за себе.

Познавајќи ја одблиску, сметам дека, доколку се случи да победи на изборите, во иднина понезадоволна ќе биде самата ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа нема капацитет, како претседател на државата, да ги исполни нивните очекувања.

Во тоа време имавме проблеми на релација сите македонски партии и ПДП, затоа што се вршеше огромен отпор за многу битни барања за Албанците, во поглед на образованието, јазикот и така натаму. Јас тогаш не видов и не можам да сведочам дека Гордана Силјановска Давкова нешто се разликувала од тој отпор.

Повеќе од интервјуто на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави