Search

Трамп: И на 72 години сум млад и енергичен, лесно можам да го победам Бајден

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, вели дека се чувствува млад и енергичен и на 72 години и дека лесно може да го победи 76-годишниот Џо Бајден.

На новинарско прашање на денешната прес-конференција во Белата куќа колку може да биде стар еден претседател на САД, Трамп рекол:

„Се чувствувам младо. Јас сум млад и енергичен човек“.

Потоа се насмеал и рекол дека не е сигурен во демократскиот кандидат за претседател на САД, Бајден, кој е втор по старост, зад Берни Сандерс.

„Го гледам и Џо, за него не знам“, рекол Трамп.

Тој додал дека, сепак, за никого нема да каже дека е премногу стар за да биде претседател

Треба да знаете
Последни објави