Search

Тачи: Реџепи е обичен криминалец кој треба што побргу да се острани од ИВЗ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со остри критики за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во вечерашното гостување на ТВ Клан.

„Малку сум информиран за процедуралниот аспект, но знаете дека ниту една запирка не повлекувам од тоа што сум го кажал за овој што сега вели дека е поглавар на ИВЗ. Тој е еден обичен криминалец, кој треба што побргу да се острани од таму. Лаже, нема никакви гласови, треба што побргу да се острани. Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба биде доживотен поглавар. Ако некој ми побараше помош јас ќе помогнав. Многу ме интересира кој ја води оваа институција, ѓуленисти, либанисти и други. Институците треба да интервенират, овој криминалец излегува пред камери и вика јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба очет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу друго“, рече Тачи, пренесе Либертас.

Треба да знаете
Последни објави