Search

Надал го победи Штруф и обезбеди полуфинале на турнирот во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Германецот Јан-Ленард Штруф во четвртфиналето на АТП турнирот во Барселона. Во меч кој траеше еден час и 42 минути Надаф триумфира со 2-0 во сетови.

Двата сета домашниот тенисер ги доби со по 7:5.

Во полуфиналето, Надал ќе игра со победникот од мечот Доминик Тим (Австрија) – Гвидо Пела (Аргентина).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Данил Медведев (Русија) – Кеи Нишикори (Јапонија).

Наградниот фонд на АТП турнирот во каталонската престолнина изнесува 2,6 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави