Search

МАЕИ се пријави за учество на локалните избори во Албанија

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) достави пријава до Централната изборна комисија за учество на локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 30 јуни.

Комисијата соопшти дека утре, освен по пријавата на МАЕИ ќе расправа и по пријавите на уште осум други партии, по што и официјално ќе се знае колку партии ќе учествуваат на изборите.

На последните локални избори што се одржаа на 21 јуни 2015 година МАЕИ во трката за градоначалник учествуваше само со еден кандидат и тоа во општина Пустец, додека кандидатски листи за советници имаше во 16 од вкупно 61 општина.

По трет пат Едомонд Темелко ја доби довербата на жителите на општина Пустец и тоа со над 80 отсто од гласовите. Во оваа општина освоени беа и седум советнички места, потоа едно во општина Малиќ и по првпат едно советничко место во Општина Подградец.

Според албанскиот изборен законик, едно лице може да биде градоначалник во три мандати, што подразбира дека Темелко нема право да учествува во трката за нов градоначалнички мандат исто како и уште четворица негови колеги.

Треба да знаете
Последни објави