Search

Трамп поднесе тужба за да го блокира сведочењето за неговите финансии

Американскиот претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба за да го блокира налогот за сведочење, кој е издаден од страна на претседателот на Комитетот за супервизија на Претставничкиот дом на САД, кој доаѓа од редовите на демократите, Илијах Камингс.

Со налогот се бараат информации за финансиите на Трамп, како и за финансиската состојба на неговите компании.

„Налогот за сведочење на Камингс е неправилен и не може да се спроведе бидејќи нема никаква летитимна законска цел”, соопштија на суд адвокатите на Трамп и на неговата фирма.

Доналд Трамп е единствениот американски претседател во современата историја кој одби да ја открие неговата даночна картичка, поради што постојано го прозиваат од Демократската партија. Откако тие ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом на САД во ноември, демократите најавија дека ќе ги преземат сите законски мерки кои им се на располагање за да се дојдат до податоци за финансиите на американскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави