Search

На СФФ проекција на документарецот „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје

Во рамките на програмата Посебни проекции на Скопскиот филмски фестивал, утре во 20 часот во кино Фросина, ќе биде прикажан документарецот за раскошната изведба на модното шоу наречено „Модно фрик шоу” на Жан Пол Готје, еден од најистакнатите и највпечатливите француски дизајнери на висока мода, препознатлив по неговите импресивни и субверзивни креации.

Веднаш по проекцијата на филмот ќе следи дискусија „Модата и родовиот идентитет” со специјалната гостинка Луиз Валенберг, професорка по модни студии во Центарот за модни студии при Универзитетот во Стокхолм, и поранешна директорка на Центарот. Нејзините истражувања се фокусираат на родовиот идентитет, сексуалноста, класите и етносот во областа на модата и филмот.

Киното  „Фросина“ денеска ќе биде резервирано за филмовите „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур, рускиот „Киселина“ и шведскиот документарен филм „Силвана“.

По проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговоара гостинката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.

Филомот „Киселина“ на рускиот актер и режисер, Александар Горчилин („Ученикот“) стои зад камерата на овој смело синематски и бескомпромисен поглед на современа Русија преку очите на група пријатели во главниот град, Москва. Режисерското деби на Горчилин е за празнината на младешкиот живот и генерациските конфликти меѓу децата и родителите. Филмот нуди модерен поглед во светот на младата руска буржоазија, кои преку секс, дрога и техно, се мачат да најдат надеж и значење во бруталниот свет.

Треба да знаете
Последни објави