Ибрахимовиќ продолжува да ги тресе мрежите во САД

Златан Ибрахимовиќ продолжува да ги воодушевува навивачите во американската МЛС лига. Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси повторно постигна гол за својот тим во победата од 2:1 над Хјустон Динамо.

Во 31-та минута, тимот на Златан Ибрахимовиќ доби пенал, а 37-годишниот Швеѓанец не размислуваше и реализираше погодок за 1:0.

Ова е седми гол за напаѓачот во пет натпревари во МЛС.

Во второто полувреме, Хјустон исто постигна голод пенал, но успехот за тимот од Л.А. го донесе Диего Полента дојде во 88-та минута од натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави