Search

Четиринаесетгодишниот Марко со инфаркт на коските на нозете се подготвува за нов предизвик

На плоштадот во Охрид денес е во тек хуманитарна распродажба на производи од компанијата ,,Comfy angel” која е специјализирана за производство на перници, јоргани, јоги и слично. Парите кои што ќе бидат собрани од распродажбата ќе му биле донирани на четиринаесетгодишниот Марко Пејчиновски, кој минатиот август го преплива Охридското Езеро. Овој пат тој се подготвува да плива на подолга патека за децата со ретки болести. Тоа е неговиот следен подвиг и начин да им се помогне на оваа категорија на деца.

Акцијата е во соработка со Црвен крст – Охрид, а на самото место биле поставени и кутии за донации.

Откако лани на 12-годишна возраст успеа да го преплива Охридското Езеро, годинава Марко најави дека повторно ќе плива за децата со ретки болести. Распродажбата започнала утрово од девет часот, а локацијата е кај Чинарот.

Треба да знаете
Последни објави