Search

Изборни инциденти и во Скопје и во Ресен

Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во бараките во кругот на општина Кисела Вода било скршено стакло од влезна врата на еден од објектите, кој го користи политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објектот на месната зедница „11-ти Октомври” на ул.„Андреја Димишков” бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска околу 08.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ѕидот од основното училиште „Гоце Делчев” во село Избиште бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави