Search

Што се случува во мозокот кога сте на диета?

Постојат безброј совети за диети, трикови, рецепти и планови за оброци, а сите промовираат различни начини на губење тежина. Дури и кога имате план за исхрана кој помага брзо да ослабете, понекогаш тоа е и понатаму борба благодарение на природните пориви на телото.

 

Првата работа што треба да ја сфатите е тежината на зададената цел. Тоа е „среќната тежина“ на вашето тело, вклучувајќи ги и мастите кои најмногу му одговараат на телото. Oваа количина масти исто така станува тоа што мозокот го утврдил дека е најдобро за оптимална функција на организмот.

„Два хормони на гладот се одговорни за обидот за регулирање на исхраната, грелин и лептин.

Грелин е познат како хормон на гладот бидејќи се излачува кога енергијата во мозокот е многу ниска. Овој хормон го создава она чувство на глад кое ве уверува да внесете глукоза, префериран извор на енергија за мозокот.

Лептин е познат како хормон на ситоста бидејќи му сигнализира на мозокот дека сте доволно сити кога енергетските нивоа се задоволени.

Овие сигнали имаат три примарни функции, тие на телото му кажуваат кога треба да бара храна, кога треба да успори и да ја сочува енергијата, сè во име на опстанокот.

„Мозокот не се занимава со вита става и убав изглед. Тој се занимава со одржување во живот“, вели д-р Дејвид Пролого.

Затоа, кога за првпат ќе започнете нова диета или не внесувате доволно енергија за потребите на вашиот мозок, може да искусите симптоми како слабост, глад, депресија, замор и главоболки. Добрата вест е дека мозокот се навикнува на овие сигнали по неколку недели. Кога телото ќе ја достигне ново поставената точка, ќе почувствувате намален апетит.

Кога станува збор за нездравата храна, тогаш се активира допаминот. Препораките се да се фокусирате на квалитетот на исхраната, да бидете внимателни со сигналите на гладување во телото и да додадете физичка активност. Ова, заедно со овие мали промени, може да ви помогне во губењето килограми, на подолг временски период.

Треба да знаете
Последни објави