Search

Комунална расчисти 30 кубни метри отпад од диви депонии во Чир

Во текот на вчерашната вечер и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собраа околу 30 кубни метри отпад од две диви депонии во општината Чаир. Едната дива депонија беше до ООУ „Тефејуз“, каде што ноќта екипите во третата смена расчистија дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

Денеска „Комунална хигиена“ ја расчистија и дивата депонија во близина на Турската амбасада, каде што се отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад.

При расчистувањето на дивата депонија беа употребени специјално комунално возило -втоварувач и камион.

 

Треба да знаете
Последни објави