Search

Европската Унија ги предупреди САД да не стојат на патот на европските интереси во Куба

Европската Унија во средата предупреди дека ќе ги разгледа сите опции вклучувајќи и тужба до Светската трговска организација ако САД санкционираат европски компании што работат на Куба.

Предупредувањето доаѓа бидејќи американскиот државен секретар, Мајк Помпео, истиот ден го обвини кубанскиот режим дека со години го извезува своето угнетување во Венецуела и рече дека режимот, разузнавачките и безбедносните служби на островот го задржуваат Николас Мадуро на власт.

„Ова однесување ја поткопува стабилноста на земјите од западната хемисфера и претставува директна закана за националната безбедност на САД“, додаде тој.

Тој исто така соопшти и дека на американските граѓани ќе им биде дозволено да почнат судски спорови за имотот запленет на Куба, што досега им беше забрането со актот ЛИБЕРТАД.

Највисокиот дипломат на ЕУ, Федерика Могерини, и комесарот за трговија, Сесилија Малмстром, во заедничка изјава ја осудија одлуката на САД и го потврдија силното противење на блокот на екстратериторијалната примена на унилатералните мерки поврзани со Куба, кои се спротивни на меѓународното право.

„ЕУ ќе ги разгледа сите опции на располагање за да ги заштити своите легитимни интереси, вклучително и во однос на правата на СТО и преку користењето на статутот за блокирање на ЕУ“, предупредија тие.

Во друга изјава напишана со канадскската министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, тие објаснија: „нашите закони дозволуваат какви било американски тужби да бидат проследени со контратужби во европските и канадските судови, па одлуката на САД да дозволат тужби против странски компании само ќе доведе до непотребна низа правни постапки“.

Треба да знаете
Последни објави