Search

Трендафилов – Нанче: Големите партии 28 години не направија ништо за Охрид, време е за црвен картон

Немаме друга опција освен победа, ова им го порача на охриѓани кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија (ГДУ), Михаил Трендафилов – Нанче.

Како што информираат од оваа партија, на средбата со граѓаните која се одржала во ресторанот „Белведере“, Нанче бил дециден дека Охрид е прекрасно место во кое сите можат да живеат убаво, доколку локалната самоуправа се грижи за своите граѓани.

Нанче го нарекол Охрид последниот бастион на Македонија, и истакнал дека со неговата победа ќе им се покаже црвен картон на големите политички партии, кои и покрај тоа што имале 28 години да направат нешто за Охрид, не направиле ништо и на овие избори наместо визии и проекти, раскажуваат приказни за асфалтирани улици, реновирање на плоштади и други обврски, кои градоначалникот треба да ги извршува без поголема помпезност.

Пред присутните граѓани се обратил и претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој го насочил своето внимание кон тоа зошто Михаил Трендафилов – Нанче е кандидат за Охрид.

Колев, исто така им порачал на младите да не забораваат дека Охрид мора да остане нивното место и мора да донесат одговорен избор за тоа кој ќе биде следниот татко на градот.

Од ГДУ оценуваат дека средбата во ресторанот „Белведере“ минала во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеле да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми.

Треба да знаете
Последни објави