Search

Тимот на Сиљановска обвинува дека СДСМ преку апликација прибирал лични податоци на граѓани

Со помош на апликација за смарт телефони за оперативен систем андроид, СДСМ прибирал лични податоци на граѓани, обвини денеска Горан Момировски кој рече дека информацијата ја добиле од  таканаречен свиркач, кој испратил документ до член на тимот на кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска Давкова.

„Според независни ИТ експерти кои ги консултиравме постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата која што е поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата“, рече Момировски и додаде дека со оглед на тоа што се работи и за следење на животите на граѓаните и скалдирање на лични податоци, фотографии и видеа на граѓани овој скандал може да се нарече „Големото око“.

Дополнително, како што истакна, апликацијата се користи од членови на СДСМ кои што со нејзина помош добивале целосен увид во интернет активностите на сите граѓани.

„Преку оваа апликација теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓани без нивна дозвола. Овие податоци спротивно на сите позитивни правни прописи се под контрола на партијата на власт и најверојатно се користат за други активности со цел да се влијае на гласањето, но и за други политички цели на власта. Според документите што ги добивме имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес. Им сугерираме на сите граѓани веднаш да ја избришат апликацијата преку која што една партија има целосен увид во приватниот живот на граѓани. Апелираме до граѓаните да одбијат да разговараат со тернеските екипи на СДСМ кои што од нив бараат било каков податок“, додаде Момировски.

Тој рече дека сите релевантни институции кои што имаат ингеренции на ова поле го добиле материјалот и документот е доставен до Јавното обвинителство, ДИК, Комисијата за заштита на лични податоци, странски институции и организиации и амбасади, ОБСЕ, ОДИХР, МВР оддел за компјутерски криминал. Најави дека ќе бидат информирани и низа други меѓународни организации во Брисел, во САД, европски членки и НАТО.

Од Јавното обвинителство бараат да преземе итни мерки за спречување на уништување на доказите. Бараат ЈО да одреди мерка за забрана на користење на апликацијата, да направи увид и конфискација на серверот во Социјалдемократскиот сојуз со цел да се утврди фактичката состојба кој што говори документот.

ал по сите предходни скандали од овој тип не научивме дека изборите се празник на демократијата, а не можност за тешки злоупотреби на човековите права. Не очекуваме овој скандал да ја наруши победата на кандидатката за претседател ѐ Гордана Сиљановска Давкова. но за жал овој скандал може да влијае негативно на можноста за добивање на датум за преговори со ЕУ нешто што е главна цел на македонските граѓани. Поради сензибилноста на случајот не би сакал да дадам одговори на ваши прашања, во очекување на реакциите од сите македонски институции, пред се на ЈО“, истакна Момировски.

Треба да знаете
Последни објави