Search

Борко Ристовски: Реми со горчлив вкус

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски е задоволен со ремито иако вели дека тоа е со горчлив вкус бидејќи на крајот имавме шанса да победиме.

-Ние после таа победа во Рејкјавик знаевме дека сега ќе не очекува потежок меч. И во поголемиот дел од овој дуел, тие имаа контрола, но нас овој бод иако е задоволувачки, ни останува горчлив вкус дека имавме шанса за победа. Но, ние во два меча со Исланд не загубивме и на ова треба да се гледа како нов почеток и нов чекор за да го одржиме нивото на ракометната репрезентација, па и да го кренеме. Кога играте за Македонија нема лесни и тешки натпревари, пред нас сега се два меча за кои е важно во каква форма ќе биде репрезентацијата во јуни бидејќи се по напорната сезона. Не треба да стравуваме ни од Турција ни од Грција, ќе зависи од нас, рече Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави