Search

Британка на „Фејбук“ го нарекла поранешниот сопруг идиот и сега ѝ се заканува затвор во Дубаи

На Британката Лале Шаравеш ѝ се заканува затвор во Дубаи бидејќи во 2016 година на „Фејсбук“ објавила статус во кој ги понижила поранешниот сопруг и неговата нова жена, пишува „Дејли мејл“.

Шаравеш е уапсена минатиот месец кога стигнала во Обединетите Арапски Емирати заедно со својата 14-годишна ќерка за да присуствуваат на погребот на поранешниот сопруг.

До тогаш не знаела дека сопругата на поранешниот сопруг ја пријавила поради нејзината објава на социјалните мрежи од 2016 година.

И додека на нејзината ќерка ѝ е дозволено да се врати во Велика Британија, Шавареш добила забрана за напуштање на земјата и одземен ѝ е пасошот. Адвокатите ѝ рекле дека може да добие две години затвор и казна од 50.000 фунти.

„Ужасена сум. Не можам да јадам ниту да спијам. Ослабев два конфекциски броја од стрес“, рекла оваа самохрана мајка за „Мејл онлајн“.

Треба да знаете
Последни објави