Search

АВМУ ќе расправа за прекршочни постапки за Изборниот законик

Предлози за покренување прекршочни постапки поради прекршувања на Изборниот законик се на дневен ред на денешната седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На седницата треба да се одлучува и за предлогот за писмено укажување на  ТВ СОНЦЕ Прилеп за прекршување на член 61 од ЗААВМУ (начела за вршење на дејноста).

Во вториот извештај на АВМУ за медиумското известување  пред почетокот на изборната кампања, беше констатирано непочитување на професионалните стандарди за вршење на дејноста кај ТВ Сонце. Имено, радиодифузерот за партијата Македонска алијанса издвоил повеќе време во вестите отколку времето за сите други политички субјекти (партии и кандидати) заедно, со што го прекршил член 61 став 1 алинеи 9 и 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – принципите за еднаков третман на различните гледишта и мислења, и за самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика.

Треба да знаете
Последни објави