Search

Успешно деби за Брестовац во Рејкјавик, гол на Манасков за победа во финишот

Ракометарите на Македонија триумфираа во Рејкјавик против Исланд со 33:34 со голот на Дејан Манасков во последната секунда од натпреварот од квалификациите за ЕП 2020. Ова беше прв натпревар на клупата за новиот селектор, Данило Брестовац.

Нашите ракометари одиграа неизвесен натпревар во кој на полувреме се замина со нерешен резултат 17:17, иако домаќините на два пати имаа водство од по четири разлика.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, а до крајот двете селекции се менуваа во водство, но на една минута до крајот резултатот беше нерешен, 33-33. Македонија не реализираше напад за победа, но не успеа ниту Исланд. На четири секунди до крајот беше досуден пенал за Македонија, Манасков ја доби задачата да го шутира и не успеа да го реализира, но топката дојде до него и од вториот обид даде гол и донесе голема победа за Македонија.
Најефикасни во нашиот табор беа Гоце Георгиевски и Манасков со по осум гола, а Кире Лазаров додаде шест. Исланѓанецот Палмарсон беше незапирлив со 12 голови.
Реваншот се игра во недела во Скопје.
Македонија по три одиграни кола се наоѓа на првото место во групата 3, со четири освоени бода, колку што има и второпласираниот Исланд.
Треба да знаете
Последни објави