Search

Меси со неверојатна статистика против англиски тимови

– Манчестер Јунајтед вечерва ја пречекува Барселона на „Олд Трафорд”. Двата тима ќе ги измерат силите во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите, кој почнува од 21 часот.

Голем дел од надежите на каталонците се поврзани со нивниот капитен, Лионел Меси. Аргентинскиот ас е исклучително стабилен што се однесува до неговото претставување против тимови од Островот. Ла Пулга играл во 30 натпревари и постигнал цели 22 гола.

Во првиот натпревар против Манчестер Јунајтед, сепак тој не успеа да постигне погодок, а Барса загуби со 0:1 и отпадна со истиот резултат во полуфиналниот судир во Лигата на Шампионите во 2008-ма година. Аргентинскиот гениј има два гола во четири натпревари против Јунајтед, но тие доаѓаат во најважните моменти – финалето на најпрестижниот европски клупски турнир во 2009 и 2011 година.

Омилената англиска жртва на Меси е Арсенал, откако против „топџиите” тој има девет гола во шест натпревари. Против Манчестер Сити, петкратниот добитник на „Златната топка” се запиша шест пати во шест средби, против Челзи тој има три гола, а што се однесува до неговата сметка против Тотенхем, тој има два гола во два натпревари. Единствениот англиски ривал, против кој Меси играл но не постигнал гол, е Ливерпул.

Сепак Лео не се претставува толку добро при гостувањата во Англија, откако на „Ноу Камп” тој има 13 гола во 14 натпревари против англиски тимови, додека на Островот постигнал 7 гола во 14 натпревари.

Аргентинецот се наоѓа во одлична форма оваа сезона, запишувајќи осум гола во шест натпревари во Лигата на шампионите од почетокот на сезоната и вкупно 43 погодоци во сите натпреварувања во кампањата.

Треба да знаете
Последни објави