Search

Меј го извести Макрон за разговорите со лабуристите

 Британската премиерка Тереза Меј го извести францускиот претседател Емануел Макрон за дискусијата со опозициската Лабуристичка партија со цел да се најде излез од „ќор-сокакот” за Брегзит, соопштија денеска од нејзината канцеларија.

-Премиерката го информираше претседателот Макрон за разговорите со опозицијата, кои имаат за цел договор за почитување на резултатите од референдумот во 2016 година, изјави портпаролот.

Тие, исто така, разговарале за претстојните избори за Европскиот парламент, а британската премиерката истакнала оти „Владата работи многу напорно за да се избегне учеството на Велика Британија на тие избори”. 

Треба да знаете
Последни објави