Search

Велика Британија на 23 мај ќе одржи избори за Европскиот парламент

Велика Британија го одреди 23 мај за датум на кој ќе одржи избори за Европскиот парламент, со надеж дека нема да мора да ги организира три години после референдумот за излез на земјата од Европската унија.

– Владата се уште планира да излезе од ЕУ со договор и да ги донесе неопходните закони пред 22 маја, за да не мораме да учествуваме на европските избори, изјави претставник на Владата.

Британската премиерка Тереза Меј вчера имаше телефонски разговори со некои европски функционери, пред утрешниот вонреден самит на лидерите на ЕУ посветен на Брегзит.

Премиерката денеска ќе ги посети Берлин и Париз каде ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Треба да знаете
Последни објави