Search

Турски специјалци го ликвидираа шефот на командосите на ПКК

Турските специјални сили  го убија во северен Ирак високиот член на Курдската работничка партија (ПКК) Мехмет Сојсурен, познат како Саваш Порсипи, соопшти турското Министерство за одбрана.

Анкара тврди дека тој бил одговорен за „специјалните единици” на терористичката група, а по кого долго време трагале турските сили.

Турската војска редовно спроведува трансгранични операции во Северен Ирак, регион каде борците од ПКК имаат бази и скривалишта од каде изведуваат напади на територијата на Турција.

ПКК, која се смета за терористичка група во Турција, САД и ЕУ се смета дека е одговорна за смртта на околу 1.200 припадници на безбедносните сили и цивили, додека во пресметките со неа повредени се над 4.000 припадници на безбедносните сили и над 2.000 цивили.

Треба да знаете
Последни објави