Принцот Вилијам е сега шпион?

Службениците на Кенсингтонската палата објавиле дека британскиот принц Вилијам минал три недели работејќи заедно со припадниците на тајните служби на Велика Британија, за да го разбере начинот на функционирање на безбедносните и разузнавачките служби на таа земја.

Се наведува дека принцот ја следел работата на разузнавачките служби задолжени за странство MI6, работел со агентите на безбедносната служба која го покрива домашниот терен MI5 и на крајот бил во GCHQ, владината тајна служба која се занимава со прислушување.

Службениците соопштиле дека принцот вчера имал завршен ден на обука во GCHQ.

Самиот принц во соопштение навел дека ова за него било искуство кое го направило “понизен” бидејќи работел со луѓе кои доаѓаат од секојдневното окружение, но кои не смеат да им кажат на своите семејства и пријатели за тајната работа која ја вршат, поради што се изложени на стрес.

Се наведува дека шефот на одделението за борба против тероризам во “GCHQ”, чие име не е објавено, порачал дека принцот “работел многу напорно” за да се вклопи во тимот.

Треба да знаете
Последни објави