Search

Филипче од Тетово: Пендаровски ги поседува сите квалитети за иден претседател на државата, кој ќе обединува и ќе го унапредува концептот Едно општество за сите

Членот на Централниот одбор, Венко Филипче денеска во попладневните часови беше со граѓаните на општина Тетово.
„Од градот на мултиетничноста и соживотот, тетовчани ја испратија пораката: Сакаат претседател кој ќе обединува и сакаат претседател кој максимално ќе се залага и ќе го унапредува концептот – Едно општество за сите. Стево Пендаровски ги поседува сите квалитети за иден претседател за сите граѓани”, порача Филипче.
На средбите, Филипче разговараше за претстојните претседателски избори, спроведените реформи и македонското здравство.
„Да продолжиме заедно напред, да не дозволиме враќање назад. На Република Северна Македонија, граѓанска и мултиетничка држава, и потребен и е претседател кој вистински ќе се грижи за иднината. Имаме претседателски кандидат со кој ќе одиме напред, за подобар живот и иднина на нашите млади”, истакна Филипче.
Треба да знаете
Последни објави