Вечерва околу 19.30 часот се запали автомобил марка „пежо” во движење на стариот пат Струмица-село Добрејци, информираат од ТППЕ Струмица. Загинати и повредени нема, а причинета е поголема материјална штета. Пожарот на автомобилот е угаснат по интервенција на струмичките пожарникари.