Европската Унија ги продолжи санкциите против Иран за кршење на човековите права

Советот на ЕУ ги продолжи санкциите против Иран за сериозни прекршувања на човековите права до 13 април 2020 година.

Во изјавата на Советот на министрите на земјите членки се наведува дека санкциите против Иран се однесуваат на замрзнување на имотот на 82 лица и еден ентитет, како и забрана за извоз на опрема во Иран која може да служи за репресивни цели или за следење на телекомуникациите.

ЕУ воведе санкции против Иран во 2011 година и оттогаш ги продолжува на годишно ниво.

Треба да знаете
Последни објави