Рецепт за највкусното говедско кое некогаш ќе го направите и вкусите

Потребно е:1 кг говедско месо
сол
бибер
маслиново масло
4 главици кромид, исечкани на полумесечинки
5 чешниња лук, грубо исечкани
2 мали лименки пиво
зачини по желба (мајчина душичка, рузмарин …)

Подготовка:
– Рерната загрејте на 200 целзиусови степени.

– Месото убаво зачинете го со сол и бибер од двете страни.

– Исечкајте ги лукот и кромидот.

– Во тава за печење на оган ставете маслиново масло, околу три лажици за да се загрее и ставете го месото да фати боја од двете страни, околу 2 до 3 минути од секоја страна. Извадете го и ставете го во чинија на страна.

– На тивок оган ставете ги кромидот и лукот да се пржат. Мешајте со лажица. Кога ќе омекне кромидот, ставете ги двете лименки пиво. Зачинете со сол, бибер и зачини. Измешајте убаво и вратете го месото назад во тавата. Ставете капак и печете го 2 и пол до 3 часа.

– Кога ќе биде печено, ставете го на даска за сечење и со помош на две вилушки одвојте го месото, за да добиете мали парчиња месо.

– Сервирајте со препечен леб, сосот од кромид и салата.

Треба да знаете
Последни објави