Search

Гвардиола со добра вест пред мечот со Тотенхем

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека ќе се потпира на голгетерот Серхио Агуеро за првиот натпревар против Тотенхем од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Натпреварот е утре од 21:00 часот по македонско време, а аргентинскиот напаѓач тренира целосно и ќе биде на линија за судирот во Лондон.

– Агуеро се чувствува добро. Тој тренираше со тимот и се чувствува добро. Кајл Вокер, исто така се чувствува подобро, а Бенжамен Менди се опорави, па и тројцата ќе бидат достапни утре. Знаеме колку е тешко во ЛШ. Сите осум тима, кои останаа во турнирот, се претенденти за трофејот. Тотенхем е тежок ривал што го познаваме добро, изјави шпанскиот стратег на пресот пред мечот.

Треба да знаете
Последни објави