Search

Силјановска: Влезот во НАТО не значи дека тие ќе интервенираат во внатрешните односи

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Радовиш.

Силјановска посебен акцент стави и на влезот на Република Македонија во НАТО, посочувајќи дека влезот во меѓународната органзиација, не значи дека НАТО ќе интервенира во внатрешните односи.

„Нѐ убедуваат дека НАТО е на прагот и дека тоа ќе значи крај на безбедносните проблеми, иако, сите ние знаеме дека НАТО никогаш не интервенира во внатрешните односи. Не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата и да се фалите дека сте зрели не само безбедносно, туку организационо, финансиски, туку ако сакате и стратешки со НАТО, далеку се тие од тоа. Затоа ќе треба силна работа за ние да станеме компатибилни стратешки финансиски со средства со инструменти со политики за да можеме да водиме не само регионална безбедносна политика туку и евроатланска безбедносна политика’“, вели Силјановска Давкова.

Таа објасни дека СДСМ и Заев залудно се обидуваат да го манипулираат народот дека промената на името е добра и дека е зачуван македонскиот идентитет, истакнувајќи дека со Преспанскиот договор со член 7 придавката македонски не може да стои пред република.

Силјановска Давкова се осврна повторно на тоа што не беше интонирана химната при посетата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, истакнувајќи дека Заев со непуштањето на химната се срами и плаши и дека тој не е национален туку анационален.

„Не знам дали како професор треба да укажувам на кршењето на Уставот и на законот за химна иако тоа е мојата вокација, за мене е пострашен срамот, бидејќи не е само право на некој премиер никаде да не излезе пред никого а не особено пред соседот кој што треба да го убеди дека е рамноправен а не понизен без да ја интонира химната. Но, нему тоа како што гледате ништо не му значи, бидејќи не знае што значи национално, тој е анационален“, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави