Search

Мицкоски за историјата на Македонија: За ВМРО-ДПМНЕ едро, за СДСМ сидро

Тие би да се откажат од нашето минато, кое што како сидро не им дава да се одлепат од нивното секојдневие, ние се гордееме со нашето минато, историја и традиција која што е едро во кое дува ветер и не носи во европска и светска Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струмица.

Тој истакна дека неправда е да не се постави македонската гарда и да не се интонира македонската химна, а притоа, како што рече, да се лаже сопствениот народ.

„Конечно вистината е неприкосновена а таа дека тој се плаши да слуша дека ‘Денес над Македонија се раѓа’ и дека ‘Македонците се борат за своите правдини’“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните потенцираше дека на овие избори се носи одлука дали ќе продолжиме да живееме во понижена, омаловажена и уништена држава каква што сега ја направила СДСМ.

„Од една страна ја имаме нашата праведна, честита, сенародна битка против заевизмот, олицетворена во професорката Гордана Силјановска Давкова,а од друга страна го имаме оној избран на мафијашки начин во скап скопски хотел од деспотот Заев, Стево Пендаровски симбол на завидлизмот. Изборот е јасен ќе победи најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот и професорката Гордана Силјановска Давкова“, посочи Мицкоски.

Тој истакна дека СДСМ и Пендаровски мислат на тоа како да се богатат, да уживаат во комфор и привилегии додека ја раскрчмуват иднината на Македонија, додека пак ВМРО-ДПМНЕ и професорката Силјановска Давкова за честита, достоинствена и горда Република Македонија.

Мицкоски образложи две нешта, за кои рече дека биле клучни при изборот на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Првата затоа што таа е најинспиративниот професор и не се штеди своето знаење да го пренесе на студентите, и затоа што е достоинствена, честита, вредна и голем борец против криминалот и гарантира владеење на правото. Втората работа затоа што секогаш кога на Македонија и било важно професорката Гордана Силјановска Давкова била во првите редови на одбраната, така беше и во 2004 така и во 2018 кога некој тргуваше, парчеше и распродаваше нешто што не го спечалил, туку го наследил тука беше професорката Гордана Силјановска Давкова да застане во одбрана на државните интереси и затоа со гордост можам да кажам дека следниот претседател нема да е Стево туку Гордана Силјановска Давкова“, кажа Мицкоски.

Тој ја побара поддршката од струмичани за да може да се стави крај на заевизмот и да живееме во Македонија која ќе си ги врати назад младите, Македонија во која ќе владее правото, каде ќе се бориме против криминалот и корупцијата, земја со реновирани, училишта, болници, градинки и рекордер по инвестиции.

„Пред зората е најтемно, но добра вест е што изгрева зората на слободата и таа зора носи правда за граѓаните на Република Македонија и победа на професорката Гордана Силјановска Давкова“, заврши Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави