Search

Мицкоски во Босилово: Ние сакаме богати и задоволни граѓани, СДСМ само бизинс интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните во општина Босилово.
При обраќање пред нив, претседателот Мицкоски рече дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Македонија како држава на богати и задоволни граѓаните, додека СДСМ и Заев од Македонија гледаат само земја на бизнис интереси.

„Затоа што вие со полни вреќи пари сакате да одите во иднината, а ние сакаме Македонија да ја видиме иднината достоинствена, честита и земја во која што секој ќе се гордее со сопствената држава. Вие иднината ја гледате за да пљачкате и богатите, а ние иднината ја гледаме Македонија богата земја и земја на богати граѓани“, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека СДСМ и Заев се срамат да ја пеат македонската химна и се срамат од вековната историја на државата, додавајќи дека граѓаните ги препознале нивните лоши политики и поради тоа ќе ги казнат на претстојните претседателските избори на 21 април, а тоа ќе го потврдат и во вториот круг на 5 мај.

„Вие, вие господа од врхушката на СДСМ се срамите од нашето вековно минато. Господа од врхушката на СДСМ имате проблем со себе, а ние и народот во Македонија имаме со вас но тој проблем ќе го решиме на 21 април а потоа ќе го потврдиме на 5 мај. Ние господа од СДСМ не се срамиме и не се плашиме да запееме дека ‘Денес над Македонија се раѓа’ и дека ‘Македонците се борат за своите правдини’“, кажа Мицкоски.

Мицкоски побара масовно излегување на претседателските избори и давање поддршка на кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, се со цел конечно да се врати правото и правдата во државата.

Треба да знаете
Последни објави