(Видео) Во пожар во Париз изгореа 27 станови

Во голем пожар кој избувна во текот на ноќта во Париз, изгореле 27 станови во 19 арондисман во францускиот главен град, објави БФМ ТВ.

Во гасењето на пожарот учествувале околу 80 пожарникари, пренесува оваа телевизиска станица. На снимките од пожарот во зградата може да се забележи дека тој е проследен и со силна експлозија.

Според првите податоци, во пожарот нема повредени.

Треба да знаете
Последни објави