Уапсен разбојник кој ограбил малолетник и украл пари од обложувачница

СВР Скопје до надлежното ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Х.И. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела – “разбојничка кражба“ и “тешка кражба“.

Имено, првото кривично дело “разбојничка кражба“ Х.И. ја извршил на 29.12.2018 година над малолетно лице на улицата Димитрие Чуповски во Скопје, кое физички го нападнал и му одземал мобилен телефон. Второто кривично дело го извршил на 11.01. 2019 година во спортска обложувалница во Скопје од каде одземал пари.

Осомничениот  бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.

Треба да знаете
Последни објави