Трамп до мигрантите: Не можеме веќе да ве примаме, земјата е полна

Претседателот на САД, Доналд Трамп порача дека САД се полни и имиграциониот систем е преоптоварен, а илегалните миграции мора да сопрат.

„Навистина постои вонредна ситуација. Ова е премногу за нашиот имиграционен систем и не можеме да допуштиме да се случува. Не можеме веќе да ве примаме. Нашата земја е преполна“, рече Трамп за време на обиколката на реновираниот дел од границата со Мексико, пренесе „АП“.

За Трамп, како што наведе агенцијата, безбедноста на границата е клучна теза во неговата кампања за следен мандат.

Треба да знаете
Последни објави