Трамп: Го проверив ѕидот на границата со Мексико, одличен е

Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени дека новиот ѕид на границата со Мексико е одличен.

„Штотуку го проверив новиот граничен ѕид, одличен е. Сега заминувам за Лос Анџелес“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој објави и видео од дискусија за границата и безбедноста со американските граничари, на кои им заблагодари што секојдневно ги чуваат САД.

Трамп за време на посетата на границата истакна дека САД се полни, а имиграциониот систем е преоптоварен, па затоа илегалната миграција мора да сопре.

Треба да знаете
Последни објави