Search

Приведени тројца тетовци, имале марихуана и ризли во автомобилот

На 05.04.2019 година во 20.45 часот на локалниот пат во село Жеровјане кој води кон село Радиовце при вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници од Полициското одделение Камењане било запрено патничко моторно возило „фолксфаген венто“ со тетовски регистерски таблици. Автомобилот бил управуван од Х.К.(27), а како совозач било лицето Н.Е.(27), а во возилото бил и Р.И.(18) сите од село Горно Седларце.

При извршениот преглед над лицата, возилото и багажот пронајдена е марихуана и ризли. Лицата се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави