ОН инсистираат Национална конференција во Либија да се одржи и покрај борбите

Специјалниот пратеник на ОН за Либија, Гасан Саламе, денеска изјави дека е одлучен либиската Национална конференција да се одржи во предвидениот термин и покрај борбите кои не запираат во оваа северноафриканска земја.

Обединетите нации планираат да одржат конференција во југозападниот дел од Либија, во градот Гадамес, од 14 до 16 април, на која би се разгледувала можноста за избори како начин за решавање на осумгодишниот конфликт во таа држава.

Во Либија по убиството на долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи во 2011 година, владеат две влади. Едната од нив е меѓународно признаена, во Триполи, и ја предводи Фајез ал Сераџ. Другата е во Бенгази, во источниот дел на земјата и е предводена од командантот на самопрогласената Либиска национална армија, Калифа Хафтар, составена од офицери и војници што ја напуштиле редовната либиска армија по смртта на Гадафи.

Треба да знаете
Последни објави