Search

Најмалку 70 жртви во поплави во Иран

Најмалку 70 луѓе загинаа во големите поплави што ја погодија југозападната провинција Кузестан во Иран, соопштија локалните власти.

Евакуирани се најмалку девет градови и десетина села од провинцијата кога претходно беше погодена со повеќегодишна суша.

Министерот за внатрешни работи Абдолреза Рамани Фази изјави дека околу 400.000 луѓе се загрозени во провинцијата која има околу пет милиони жители.

Загрозените жители на Кузестан, спасувачките екипи ги пренесоа до најблиските засолништа, вклучувајќи и три воени касарни.

Треба да знаете
Последни објави