Марадона поради судиите го напушта Дорадос

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона го објави своето заминување од тренерското место во клубот Дорадос по завршување на сезоната.

Денес, неговиот клуб одигра нерешено со Венадос во претпоследното коло од регуларниот дел на втората дивизија во Мексико. Тимот треба да одигра уште еден натпревар во основниот дел, а потоа ќе игра во плејофот. Тој додаде дека поради неговото присуство како главен тренер, судиите имаат предрасуди кога му судат на Дорадос.

-По завршувањето на сезоната ќе го напуштам Дорадос. Жал ми е, но ова е моја одлука. Дали знаете зошто судиите не ни свират чисти ситуации за нас? Само затоа што тимот е предводен од Марадона, рече огорчено контроверзниот тренер.

Марадона го презема Дорадос во септември 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави