Дебакл на Борусија во Минхен, пет гола на Баерн за прво место на табелата

Во дербито на 28. коло на Бундеслигата во Минхен, Борусија Дортмунд загуби со 5:0 од Баерн, кој на шест натпревари до крајот на првенството се врати на врвот на табелата.

Пред 120-иот “Дер Класикер” Баерн имаше два бода помалку од Борусија, па тимот предводен од  Нико Ковач немаше право на грешка ако сакаше да го достигне првото место пред крајот на сезоната.

Во можеби најдоброто издание сезонава Баерн ја скрши Борусија уште во првото полувреме. Стрелците беа Матс Хаммелс (10), Роберт Левандовски (17, ) Хави Мартинез (41) и Серж Гнабри (43).
Во второто полувреме Баерн ја спушти ногата од гасот, а во 89 минута сосвојот втро гол го постави конечниот резултат.

Треба да знаете
Последни објави