Британија почна да издава нови пасоши без назнаката „ЕУ“

Во моменти кога Велика Британија се обидува да го продолжи својот престој во ЕУ, пасошите во оваа земја веќе почнаа да се издаваат без назнаката „Европска Унија“ на насловната страница.

Прашањето за тоа како ќе изгледаат новите британски пасоши, беше една од спорните точки во текот на кампањата за брегзит, пишува Еуроњуз.

Британка кој добила нов пасош изјавила дека е изненадена од отстранувањето на назнаката ЕУ од патната исправа.

„Бев изненадена од промената. Сè уште сме членка на ЕУ. Изненадена сум бидејќи уште не ја напуштивме Унијата“, рекла таа, додавајќи дека верува оти со излез од Унијата земјата повеќе губи отколку што добива.

Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но премиерката Тереза Меј оттогаш побара две одложувања, а најновото барање се однесува на тоа рокот да биде поместен до 30 јуни.

Треба да знаете
Последни објави