Search

Трендафилов најави обнова на детските игралишта надвор од централното градско подрачје

Кандидатот за градоначалник на Охрид на ГДУ Михаил Трендалифов – Нанче во денешната изјава пред јавноста укажа на проблемот со дотраените и уништени игралишта за деца и неуредените паркови низ градот, особено оние на периферијата.

– Зборуваме за големи проекти, а погледнете околу нас. На луѓето не им се овозможени ни најосновните потреби. Ова трае со години. Заборавени младите, заборавени старите. Зарем само покрај Кејот треба да има игралишта уредни и дотерани. Забораваат дека нема големи работи има само мали со голема љубов, изјави Трендафилов.

Додаде дека се потребни дела, а не зборови.

Треба да знаете
Последни објави