Search

СИРИЗА: Нова демократија со позицијата во македонското прашање го одбира радикално десничарскиот табор

Писмото од 33 европратеници испратено до Комисијата за Нобеловата награда со поддршка за номинацијата на Зоран Заев и Алексис Ципрас, беше причина од грчката владејачка партија СИРИЗА да упатат критики до опозициската Нова демократија поради ставот за македонското прашање.

Велат дека на претстојните евроизбори должност на прогресивните и демократските Европејци е „да се порази радикалната десница, односно квазипатриотизмот и националистичката реторика”, а „за жал, Нова демократија со позицијата во македонското прашање јасно е дека одбра да заземе позиција во таборот што треба да се порази во корист на Европа и нејзините вредности”, јави дописничката на МИА од Атина.

-Триесет и тројца европратеници од целиот демократски спектар, меѓу кои и тројца од Европската народна партија, го предлагаат грчкиот премиер за Нобеловата награда за мир за Договорот од Преспа. Господинот Мицотакис и Нова демократија кои продолжуваат да го обвинуваат за „штетен договор” и „размена”, каде се поставуваат на европската политичка сцена?, соопштуваат и прашуваат од СИРИЗА.

Треба да знаете
Последни објави