Search

Силјановска го избриша твитот во кој тврди дека ќе го врати името Република Македонија

Силјановска Давкова, од својот Твитер профил го избриша постот во кој тврдеше кога ќе биде избрана ќе го врати името

Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, од својот Твитер профил го избриша постот во кој тврдеше кога ќе биде избрана ќе го врати името Република Македонија и ќе го заштити со клаузула за непроменливост во преамбулата на Уставот.

„Не го прифаќаме наметнатото име кое народот воогромно мнозинство гоотфрли на референдумот на 30.09.2018. Ќе го вратиме името Република Македонија и ќе го заштитиме со клаузула за непроменливост во преамбулата на Уставот“, гласеше твитот кој веќе неможе да се најде на профилот на кандидатот за претседател од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави