Search

СДСМ: За три дена кампања, три големи лаги на Силјановска

СДСМ преку соопштение вели дека за само три дена од почетокот на кампањата за претседателските избори, кандидатката Гордана Силјановска, три пати ги излажала граѓаните.

„Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, а всушност е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Не може ниту штаб да отвори без присуство на Мицкоски чиј што кандидат е. Силјановска лаже дека е за правда, а брани криминалци и насилсници. Дури и слоганот и лажен и лицемерен. Лаже Силјановска дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата, а официјален документ покажува дека е потпишана на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека е неприфатливо, претседателски кандидат да ги лаже, да ги манипулира гласачите, да говори едно, а да прави друго. Затоа, заклучува СДСМ, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата.

Треба да знаете
Последни објави