Search

Пилотите во шестминутниот лет се обидувале да го подигнат носот на боингот на „Етиопија ерлајнс“

Пилотите на авионот на „Етиопија ерлајнс“ се бореле со автоматскиот систем во авионот речиси цело време во текот на шестминутниот лет, стои во денешниот прелиминарен извештај од истрагата, објави Си-ен-ен.

Тие не можеле да го стабилизираат авионот, дури и по препорачаните постапки за вакви ситуации, се обиделе со заеднички сили да го подигнат носот на авионот за време на последниот момент од летот.

Пилотот трипати повикал „повлечи кон горе“ со цел копилотот да го подигне носот на авионот, но ниту едниот ниту другиот пилот не успеал да ја поврати контролата над леталото.

Седумдесет секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром во Адис Абеба, еден од сензорите испратил погрешни информации до системот во авионот укажувајќи им на пилотите на неизбежно губење енергија. Поради тоа, автоматскиот систем внатре во авионот го спуштал носот на леталото четири пати за време на летот оневозможувајќи им на пилотите да го решат проблемот. Тие се обиделе рачно да воспостават рамнотежа, но авионот пребргу летал, па рачното местење било физички невозможно. Помалку од 2 минути подоцна летот „302“ на „Етиопија ерлајнс“ се урна, при што загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Треба да знаете
Последни објави