Search

Пендаровски на синоќешната конвенција: Да не се коцкаме со иднината на државата

Промотивната конвенција на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски се одржа во духот на заедништво и одлучност да продожиме Заедно Напред, кон ЕУ и НАТО, за светла иднина на младите во нашата држава.

Пораките за поддршка на претседателскиот кандидат Пендаровски дојдоа од истакнати личности од политичката јавност, од општствената јавност, од уметници кои со присуството и настапите ја рефлектираа клучната заложба на Стево. Тоа е да обединува, да не дискриминира, да дава шанса на сите, независно од политичката определба, етничката определба, социјалниот статус.

-Ти чекаше пет години, а јас десет. Но нашата визија за заедничко општество е заедничка и денес таа опција е реалност во нашата држава. Затоа, ја имаш мојата поддршка, му се обрати на Пендаровски, Имер Селмани.

Селмани ги повика граѓаните без разлика на етничката, верската или национална припадност, на изборите да дадат масовна поддршка за Стево Пендаровски.

-На овие избори Стево е најдобрата инвестиција за сите нас. Тој знае да сплотува. Од него извира визијата за развиена и напредна држава, интегрирана во ЕУ и НАТО. Тоа е она што ни треба нам, но и на нашите деца, порача Селмани.

На изборната конвенција на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски се обрати и универзитетската професорка Ана Чупеска Станишковска.

-Го познавам долго, една дамка нема зад него. Потребен ни е претседател кој има визија, интегритет, знаење и кој има јасен став и искрена желба за демократски и цивилациски напредок на нашата земја. Стево е таков профил, вистинскиот човек за вистинското време. Тоа е потребно во овој клучен момент, нашата земја да продолжи напред кон евро-атлантската перспектива, тоа ќе донесе подобар живот и посигурна иднина за сите, рече професорката Чупеска Станишковска.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев побара сите граѓани да покажат одговорност и во моментите кога државата бележи успеси на домашен и на меѓународен план, да изберат претседател кој ќе придонесе државата да чекори напред.

-Ова се многу важни избори. Разликата со другата страна не е во идеологии туку во векови, “ние сме во 21. век, а тие во 19. век. Тргнавме напред и застанување нема. Тоа е возможно со вистински претседател, со човек прв меѓу еднаквите, возможно е со Стево, порача претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој посочи на бенефитите од политиките што ги отворија перспективите во на Република Северна Македонија во НАТО и во ЕУ: рекорден број странски инвестиции, БДП од минусно салдо, на раст на 3,7 проценти, пад на невработеноста од 27 проценти на околу 19 проценти, раст на индустриското производство за 8,1 процент.

-На овие избори нема левица или десница, има Напред, за европска Македонија, а со Стево ќе одиме напред. И така ќе ги задржиме младите. Република Северна Македонија има еден правец, да не дозволиме да скршнеме од патот. Конечно имаме заеднички кандидат за претседател на државата, од сите етнички заедници: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, други – да избереме претседател  на државата, да ставиме кормило што ќе влече напред повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

На промотивната конвенција, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски се заблагодари на сестраната поддршка, од сите етнички заедници, партии, поединци, организации и најави дека се придружува на политиките што носат историски придобивки и за граѓаните и за државата, поради што и неговиот слоган за кампањата е Заедно напред.

-Со реформите очекувам да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и ќе ја бетонираме позицијата во НАТО. Ги решивме сите прашања и во национален и во државен интерес. И сите проблеми ќе ги решиме ако сме дел од демократскиот свет и дел од НАТО и ЕУ. Да не се коцкаме со иднината на државата. Изморени сме од избори, но мора да го дадеме и овој напор. Затоа, повикувам на масовна мобилизација на изборите, ова е патот, Заедно Напред, рече претседателскиот кандидат Пендаровски, на промотивната Конвенција што се одржа синоќа во Скопје.

ФОТО: Слобода Ѓуриќ

 

 

Треба да знаете
Последни објави